Д-р Ненад Лазаров им порача на пациентите да ја одложат посетата кај матичен утре, а можно е и подолго и повика за поддршка од пациентите.
-Утре ќе има протест на матичните лекари во земјава, вечерва последни координации. Состојбата е нож до коска, не претерувам! Одложете ја секоја неитна посета на вашиот матичен утре, а ако не бидеме послушани и не се изреагира веднаш, и за подолго. Ако не смениме нешто, ќе следи бран затворања ординации ниту една нова и за некоја година ќе нема кој да ве лекува, на политичарите не им е гајле за вас, видовте и самите. Нема веќе простор за молк и игнорирање – порача тој во објава на својот Фејсбук профил.
Инаку, утре матичните лекари во земјава нема да работат со пациенти за користење на Мој термин, туку само со итни случаи. Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат.