Американскиот претседател Џо Бајдер го ангажираше Сем Бринтон за шеф на одделението за енергетика и одложување на гориво и отпад во Канцеларијата за нуклеарна енергија на американското Министерство за енергетика. Оваа објава го донесе Сем Бринтон на насловните страници, а луѓето масовно пребаруваат за него на интернет . За него се знае дека е гуру за глобална стратегија за нуклеарен отпад и заговорник на ЛГБТ-заедницата која се бори за своите права. Ток кажува дека е геј и тоа не го крие. Сем е магистер на МИТ по инженерски системи и нуклеарна наука и инженеринг, а основач е на консултантска куќа која дава експертиза за различни теми од управување со нуклеарен отпад до иновации на нуклеарните реактори.
Странските медиуми јавуваат дека Бринтон, пред да се приклучи на администрацијата на Џо Бајден, ја советувал Белата куќа на Барак Обама за прашањата на ЛГБТК + и соработувал со Конгресот за нуклеарната политика.
Сем Бринтон е доста активен на социјалните мрежи. На Инстаграм, Бринтон се нарече себеси левичарски активист и застапник на сексуалните фетиши.
Критичарите велат дека неговиот имиџ е премногу контроверзен и екстравагантен за службеник во јавната администрација. Бринтон објавува фотографии во шарени фустани, високи потпетици, шминка, па дури и облека од латекс. Бранителите на новиот советник на претседателот на САД ја истакнуваат неговата компетентност во областа на нуклеарниот отпад.
Локалните медиуми пишуваат дека Бринтон бил заговорник на фетиш кој вклучува претворање дека сте куче. Тој на социјалните мрежи објави слика на која стои над мажи кои клечат во кожни маски.