Елена Ристеска се присети на топлите спомени од плажата на Мајами каде што беше на работен одмор неодамна. Елена објави провокативни фотографии како лежи на една од познатите тамошни плажи, на која го истакнува деколтето. Пејачката го искористи претстојот во САД за да сними видео за нова песна од Дарко Димитров, кое го најави на Инстаграм.
Судејќи по фотографиите, ова ќе биде уште едно сексапилно издание на пејачката во видеото. По разводот за кој малку зборуваше во јавноста, Елена ретко споделува моменти од својот љубовен живот. Вели дека е среќна кога е сама, а нејзина најголема инспирација е внуката Делфина, ќерка на нејзината сестра Драгица.