Маж од Турција, кој ја турнал својата бремена сопруга од карпа за да го заработи нивното осигурување од несреќа осуден е на најмалку 30 години затвор.
Хакан Ајсал (40) и неговата сопруга Семра Ајсал (32), која била во седмиот месец од бременоста, во јуни 2018 година биле на одмор во градот Мугла во Турција, кога се случил инцидентот.
Полицијата го обвини сопругот дека ја турнал жената од карпа, а тој сега е прогласен за виновен за убиство.
Сомнежите се зголемија откако во извештаите на весниците беа објавени фотографии од парот на врвот на карпата, направени од друг турист на местото на настанот во тоа време. Тој рече дека ги снимал бидејќи мислел дека човекот се однесува чудно.
Реџеп Сахин, кој сними видео на кое Семра последен пат е видена на врвот на карпата непосредно пред нејзината смрт, сведочеше на претходните рочишта.
– Бев со моето семејство кога на врвот на карпата ја видовме двојката Ајсал. Дури и се пошегувавме и рековме или маж ќе фрли жена или жена ќе го фрли. Немаше никаква интеракција меѓу нив – рече тој.
Друг сведок изјавил дека осомничениот изгледал смирен по инцидентот, додека итната помош била на терен, пренесува Мирор.
„Тој не се однесуваше како човек чија сопруга штотуку паднала од карпа“, рече тој.