На десетгодишниот Новак Стевановиќ од Малошишта, општина Дољевац, помило му е тестото за бурек отколку играта со своите другарчиња. Тој е најмладиот бурекџија на Балканот, а овој занает, во фамилијарната работилница, го работи од својата петта година. Новак откако ќе ги заврши домашните задачи веднаш оди во пекарата, за два -три часа да се занимава со своето највкусно хоби.
“ Прво кората ја растегнувам, па ја фрлам, па ја филувам, и најпосле ја ставам во тавче за да се пече. Уживам во тоа што го работам“, објаснува малиот Новак на кого омилен бурек му е со месо.
“ Доаѓаше, гледаше, ги “симнуваше“ потезите, но и ние му помогнавме да научи како се отвараат корите. Уште сега е јасно дека ќе биде голем мајстор на бурекот – рече неговиот постар колега Стефан Стаменковиќ.
„ Сопругата и јас сакаме да го продолжи нашиот фамилијарен бизнис, но понекогаш претерува со времето поминато во работилницита„ објаснува татко му Дејан.
Инаку, покрај бурекот, на Новак Стаменковиќ втора љубов му е фудбалот.