Матичниот доктор од Скопје, Ненад Лазаров, повеќе нема да работи во примарното здравство. Тој посочува дека најбитната гранка во медицината е обезвреднета, просечната старост на кадарот е пред пензионирање и додава: ќе нема кој да ве лекува.
„Заминувам на точно 10 години мој стаж во примарно здравство како матичен лекар, со истата горчина во уста која ја почувствував уште првиот ден пред толку години, молејќи за инфо по канцелариите на ФЗО и Министерство за здравство што треба за да отворам ординација. Најбитната гранка во медицината и една благородна работа како матичен лекар е извулгаризирана, обезвреднета и направена непожелна поради што уште некоја година ќе нема кој да ве лекува. Просечна возраст на матичните лекари е 61-62 години. Во меѓувреме се сменија неколку министри, кој од кој поголема брука, а останаа куп усмрдени ликови по канцеларии чија цел е да ви го дозагорчат животот и ништо повеќе. А вие народе, слободно и понатака со чемер и јад, дрва и камења по матичните, се ви се враќа ко бумеранг, се премолчеа сите наши апели за промени, сега молчете и трпете ги штетите. И поздрав до бирократите и инспекторите, ако некогаш седнам ја да одлучувам, тешко вас сите во првите 24 часа!“, напиша д-р Лазаров.