Загина еден маж, а неговата сопатничка и дете на возраст од 10 години се повредени во сообраќајна несреќа, синоќа на патот Прилеп-Градско.
-Возачот беше на околу 40 години, изваден со помош на противпожарната служба бидејќи по сообраќајката, беше приклештен во возилото. Беше неконтактибилен, во тешка општа состојба, со повеќе повреди по целото тело. Беше направена реанимација во кавадаречката болница, но, за жал, безуспешна, изјави докторот Ратко Грков за МИА.
Сопатничката, на возраст околу 30 години, била повредена, но, во стабилна општа состојба, свесна и ориентирана во време и простор, без видливи скршеници.
Повредено било и дете на возраст од околу десет години, со скршеници на двете бутни коски и десна подлактица.
Сообраќајката се случи вчера во 17.55 часот на патот Прилеп-Градско, помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“ управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт.