Берил Кар има 100 години и работи како касиерка во кафуле.
„Не можам да верувам дека успеав оваа година, но успеав“, рече таа.
Таа започнала да волонтира во кафулето „Лига на пријатели“ пред 18 години кога се преселила во Лондон откако нејзиниот сопруг починал.
Иако не познавала никого, таа вели дека овој потег бил „спасот“.
Не планира да се откаже од работата и изјавува дека ќе волонтира се додека може да издржи.
„Почнав да волонтирам кога се преселив во Лондон откако мојот сопруг почина. Не познавав никого, не знаев ништо и тоа ми беше последната сламка за спас. Овде сум откако мојата ќерка се распраша дали може тука да работам. Чувствувам пријателство и слога, им помагам на луѓето кои немале среќа како мене“, рече таа.