Српскиот глумец Лазар Ристовски (69) и неговата сопруга Даница (66) се разведуваат по 42 години брак. Веста за медиумите ја потврдил и славниот актер.
„Не се разделивме поради друга жена или друг маж“, вели Лазар во ексклузивната исповед.
Нивната љубовна приказна започна уште во студентските денови. На првата средба меѓу Даница и Лазар се родиле емоции, а актерката често истакнуваше дека веднаш се заљубила во шармот и физичкиот изглед на Лазар.
Се венчаа во 1980 година, а во бракот добија два сина – Петар, кој е филмски продуцент и режисер и Јован, кој дипломирал економија. Постариот син е во брак со актерката Теодора Ристовски, додека помалиот Јован со сопругата Љиљана минатиот септември го добија наследникот Богдан.
Очигледно, ниту богат и исполнет семеен живот, ниту успешна кариера, ниту четириесет и неколку години под ист покрив не биле доволни за да ги одвратат Даница и Лазар да се решат да потпишат документи за развод.