15-годишно момче во вторникот ги убило родителите и помалиот брат во нивниот дом во близина на шпанскиот град Аликанте, наводно по расправија поради слабите оценки, вчера објавија медиумите.
15-годишникот прво ја застрелал мајка си со ловечката пушка на татко му, по што го убил својот помал брат, соопштила полицијата. Таткото во тоа време не бил дома, а откако се вратил два часа подоцна, тинејџерот го убил и него.
Трагедијата се случила во нивната семејна куќа во вторникот. Семејството живеело во близина на градот Аликанте. Според полицијата, тинејџерот ги сокрил телата во блиската барака.
После тоа, тој бил во куќата три дена, до вчера кога со намера да го посетат семејството, дошле две тетки на момчето. Според регионалниот весник Диарио Леванте, момчето подоцна го признало делото.
Тамошните медиуми пишуваат дека момчето се скарало со родителите бидејќи му забраниле пристап на интернет поради слабите оценки. Полицијата се уште не ги потврдила овие наводи, велејќи дека истрагата е во тек. Од полицијата само потврдија дека тинејџерот моментално е во притвор и дека го признал делото,