Во пожар кој вчера изби во центарот на Барселона повредени се најмалку 9 лица, од кои една се наоѓа во критична состојба, соопшти шпанската служба за итни случаи.
Каталонската телевизија прикажа снимка од мобилен телефон, како едно лице скока од прозорец на третиот кат врз душеци кои биле поставени на тротоарот за да го ублажи падот, пренесува АП.
Локалните медиуми јавија дека најмалку уште едно лице морало да скокне за да побегне од огнот.
Портпаролката на Брзата помош Зулма Ица изјави дека покрај еден маж кој е во критична состојба, уште две лица се во тешка состојба.
Полицијата ги истражува причините за пожарот.