Адел се поднапила, па заиграла околу шипка на стриптиз натпревар (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Адел во четвртокот навечер се опуштила во лондонскиот ноќен клуб, „Heaven“, после појавувањето во емисијата „Graham Norton Show“.

33-годишната британска пејачка ги шокирала посетителите на клубот кога се залетала на сцената на која имало натпревар во стриптиз.

Пејачката прво со друштвото од ВИП делот ги бодрела натпреварувачките и внимателно ги следела нивните изведби, а потоа и таа одлучила да им се придружи.

Се качила на сцената и играла на шипка додека танчерките во топлес како и сите во клубот гледале во неверување.

Сето тоа го забележале посетителите на клубот, додека танцувала на хитот „It’s Raining Men“ и снимките набрзо почнале да кружат на интернет.

Обожавателите биле шокирани кога ја виделе добитничката на BRIT наградите на сцена.

„Затоа ја сакаме Адел. Икона е и кога е пијана и лудо се забавува“, „Кој би се обложил дека ова би се случило во 2022-ра година“, „Адел е кралица“, се само дел од коментарите.

останати вести