На социјалните мрежи синоќа се појави видео од групна тепачка во црногорскиот град Беране, во која учествувале неколку момчиња.
На снимката се гледа како двете групи млади луѓе влегуваат во пекарницата и во еден момент ненадејно ја започнуваат пресметката.
Паралелно со ударите, паѓаа и пцовки и навреди. Тепачката за тупаници продолжи и надвор од пекарницата, која, како што може да се види на видеото, ја искористила работничка која среде тепачка се нашла во „небрано“, па тепачката ја искористила за да му ги фрли влечките на еден од актерите.