Покрај таткото на Амбла, Илир Адеми во живо преку видео повик во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 се вклучи и нејзината мајка.
„Ништо од тоа што го кажа мајката на едно од децата која е потписник на петицијата не е точно. Мојата ќерка не е агресивна и не ги тепа децата. Таа знае да реагира затоа што не гледа и слабо слуша, кога некој ќе и се приближи неочекувано можеби реагира така мислејќи да се одбрани на некој начин, мислејќи дека некој ја напаѓа. Никој не може да ја знае подобро ќерка ми од мене, нејзината мајка. Што се однесува до одлуката Амбла да следи настава со дефектологот и асистентот во салата на школото јас не се согласив, таму нема услови, посебно во зимскиот период“, вели таа.
Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари посочи дека децата со посебни потреби мора да бидат интегрирани во општеството.
„Не само за време на образованието, ние треба да создадеме услови за децата со посебни потреби да бидат интегрирани во општеството и понатаму. Да бидат примени од другите и другите деца да разберат дека тие се дел од нас. Не само за случајот на Амбла туку и за сите други Амбла мора да се најде решение. Животот не е само училиштето, тие деца треба да бидат интегрирани и понатаму и примени од општеството“, вели тој во ТВ21.