Возачот на службената „шкода октавија“ и на министерот за финансии, Фатмир Бесими, ја предизвикал сообраќајната незгода вчера пред Владата бидејќи ќе ги почитувал сообраќајните прописи и минал на црвено светло, дознава Телма од извори во истрагата.
Засега ова не го потврдуваат ниту МВР ниту Обвинителството а во официјаланат информација не стои дека станува збор за службено возило ниту пак дека во автомобилот биле двајца министри, Крешник Бектеши и Фатмир Бесими кои самите уште вчера соопштија дека се неповредени.
Сообраќајната незгода се случи нешто по 19 часот на крстосницата пред Владата. Службената „октавија“ со министрите Бесими и Бектеши, се движела по булеварот Свети Климент Охридски, кон Владината гаража, бидејќи двајцата министри требаше да присуствуваат на состанокот на економско социјалниот совет. Двете возила, џип „киа“ и авотмобил „фиат“ кои чекале зелен сигнал на семафорот и тргнале само што се вклучил се движеле кон центарот на градот кога во нив се забила „шкодата“ на министерството за финансии.
Во незгодата, официјално се поврдени две лица, возачот на октавијата и уште едно лице кое било на свозачкото седиште. Кој е нивниот статус, односно дали е службениот возач на Бесими и член на неговиот кабинет или обезбедување нема информација.Тие биле префрлени во Клиничкиот центар Мајка Тереа со полесни повреди.