Брачната двојка Харви од САД речиси три децении живеела во верувањето дека Џесика е нивна биолошка ќерка. А потоа направила ДНК тест пред да отпатува во Европа во 2020 година и открила дека тие не се нејзините вистински родители, пишува New York Post.
– Со сопругот побаравме помош во клиниката за плодност пред 30 години. Очајно сакавме да бидеме родители. Се договоривме за процедура на вештачко оплодување во која требаше да се користи генетскиот материјал на мојот сопруг.
Меѓутоа, д-р Николас Спиртос без наше знаење користел сперма на странец – изјавила Џенин Харви од американската сојузна држава Охајо на виртуелна прес-конференција. Со неа пред камерите застана и нејзиниот сопруг Џон Мајк Харви.
Имено, Џесика сакала да ги посети далечните братучеди на нејзиниот татко во Италија додека патувала низ Европа, бидејќи Џон има италијанско потекло, но никогаш не ги истражувал своите корени. ДНК тестот ќе и помогнеше на Џесика полесно да ги лоцира, но тогаш дошла до шокантни сознанија.
– ДНК тест покажа дека имам ирски, англиски, германски, велшки и француски корен. Ниту трага од Италијанец – опишала жената.
Кога се освестиле, Џесика решила да ги искористи резултатите од ДНК тестот за да пронајде биолошки татко. Нејзините адвокати ангажирале експерти и на крајот успеале да најдат човек чиј генетски материјал се совпаѓа со нејзиниот.
Се огласила и клиника за која работи лекар. Тие рекле дека ги сметаат наводите многу сериозни.
– Се уште не сме се сретнале со семејството Харви и не сме го направиле нашето тестирање. Бараме ограничени информации и се надеваме дека адвокатите на семејството ќе соработуваат со нас за да ги преземеме понатамошните неопходни чекори – велат од „Сума здравствен систем“.
Џесика вели дека не може ни да замисли низ што поминуваат нејзините родители, а со својот случај сака да апелира до федералните власти да ја зајакнат контролата на клиниките за вештачко оплодување.