Умида Назарова (21), која била во седмата недела од бременоста, се пријавила за работа во фабриката „Свармет“ во Борисов, Белорусија, која произведува жици и електроди.
Додека ѝ ја покажувале фабриката, косата ѝ се заглавила во една од машините.
Косата ѝ се завиткала околу вратот и била вовлечена во механизмот. Несреќната девојка подоцна им подлегнала на повредите.
Белорускиот истражен комитет соопшти дека работникот на фабриката, кој ѝ покажал на Назарова како работи опремата, направил пауза за да внесе упис во регистарот.
– Кога се сврте, виде дека жената веќе лежи на подот без свест. Нејзината коса беше завиткана во машина – соопшти комисијата.
Фабриката го плати нејзиниот погреб.