Младата моделка Ники Серенити од Мисури е една од оние девојки кои сакаат да го промовираат својот природен изглед. Ако тоа значи пуштање влакна под пазувите и со тоа добивање сила – кои сме ние да судиме?
Ники досега се има појавено во преку 50 модни магазини и едиторијали и во полн израз доаѓаат токму нејзините небричени пазуви со кои таа гордо позира. Таа вели дека одлучила да престане да ги бричи влакната на овој дел од телото, односно да го прави тоа само двапати годишно.
„Некои луѓе мислат дека е одвратно, но мене не ми е грижа. Јас се чувствувам слободно во моето тело и со неговите влакна на него. Сакам да му дозволам на моето тело да има природен изглед…“, раскажува Ники.
Таа уште од 19 години го имала овој став и вели дека на почетокот фотографите одбивале да соработуваат со неа поради тоа.
„Мислам дека неизбричените пазуви изгледаат убаво, самоуверена сум така, се чувствувам атрактивно. Ретко ги бричам пазувите и нозете“, вели Ники и додава дека денес работите се променети и многу фотографи ја ценат нејзината уникатност.
Од друга страна, вели дека се соочува и со многу негативни коментари.
„Некои луѓе мислат дека е одвратно, но мене не ми е грижа. Јас се чувствувам слободно во моето тело и со неговите влакна на него. Сакам да му дозволам на моето тело да има природен изглед, иако за некои работни ангажмани сум одбиена и мора да почекаат додека се избричам, а тоа го правам двапати годишно.“