Универзитетската професорка Катерина Тошеска, во екот на јануарската испитна сесија за студентите, упати моќен апел кон родителите на студентите по медицина и самите студенти.
-Во ек сме на јануарска сесија, испрашувам, прегледувам тестови и се прашувам, а искрено и се плашам, кој тоа нас ќе не’ лечи во иднина и ќе ни ja аплицира пропишаната терапија? Не знам што ми предизвикува поголем очај и страв, студентите на медицина, стоматологија или тригодишни студии? Не е ова кратка хорор приказна, ова е црна серија, повеќегодишна, со многу убиени пациенти во иднина. Јас најискрено ќе ве замолам, заострете ги критериумите , родители-заборавете ги врските, студенти -почнете сериозно да учите. Малку самокритичност нема да направи штета. НЕ ВИ УЧАТ ДЕЦАТА!!! А ВИЕ ИМ ФАЌАТЕ ВРСКИ!!! А НИЕ ТРЕБА ДА ПРОФИЛИРАМЕ ИДНИ УБИЈЦИ! Знам, најмило ни е детето, ама не си ги лечите фрустрациите преку децата. Ако не го бива, нека врти лопата, барем нема никого да убие. И не се лажете дека откога ќе се вработи ќе научи. Јас не се чудам зашто сме во врвот по смртност од КОВИД-19. Ама ич не се чудам – напиша Тошеска.