Италијанската филмска ѕвезда Моника Вити почина на 90-годишна возраст. Веста за смртта на глумицата ја објави нејзиниот сопруг Роберто Русо.
Моника Вити е родена како Марија Лујза Чечарели во Рим на 3 ноември 1931 година. Пред неколку месеци наполни 90 години. Музата на режисерот-сценарист Микеланџело Антониони и кралица на италијанската комедија, заедно со Алберто Сорди, станаа симболи на италијанската кинематографија во 1960-тите.
Можеби најпознати нејзини улоги се токму оние во филмовите на Антониони – „Авантура“, „Ноќ“, „Затемнување“, „Црвената пустина“, „Мистеријата на Обервалд“. Имаше учество во 60-ина други филмови а својата кариера во глумата ја заврши 1992 година.