Џенифер Лопез (52) на својот Инстаграм профил сподели фотографии од снимањето на нејзиниот нов филм, а успеа да предизвика вистинска бура на интернет.
Имено, пејачката позираше во провокативен фустан кој малку остави на фантазијата.
Изработен од еластичен и удобен материјал, фустанот е со низок крој, додека задникот е покриен со мало парче метал. Горниот дел е направен така што повеќе личи на долна облека отколку на дел од фустан.
Во описот на фотографиите пишува „зад сцената“, а веднаш по објавувањето следеле коментари. Многумина мислат дека на жена во 6-та деценија не и прилега вака да се фотографира, па макар тоа да е и Џеј Ло.
„Изгледа згодно дури и кога е облечена. Не разбирам зошто треба постојано да го покажува своето тело“, „Ова не е привлечно, ова изгледа вулгарно“, „Таа ја премина границата на добар вкус“, се само дел од коментарите кои се појавија на социјалните мрежи.
Од друга страна, имаше и такви кои со ентузијазам го дочекале ова издание на поп дивата и ја пофалиле нејзината совршена фигура.