Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Сите “душегрижници” веднаш да ги разочарам, членувањето во Комисијата е без никаков паричен надомест

by Тони Зографски

Докторот од Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски се огласи откако вчера стана нов член на Комисијата за заразни болести. Тој потенцира дека членувањето во ова советодавно тело е без парична надомест.

“За сите “душегрижници” кои тврдат дека сме платеници веднаш да ги разочарам, бидејќи членувањето во Комисијата е без никаков паричен надомест и е доброволен ентузијазам на 26 доктори, кои во рамките на своите можности и знаење, ќе пробаат да формулираат препораки и совети до Министерот како побезболно да се пребродат сите предизвици од пандемијат“, појасни Беќаровски.

Според него, досегашните ставови и погледи за пандемијава кои ги споделуваше јавно, од денес ќе проба да ги образложува и брани, пред неговите колеги од Комисијата и се надева дека барем за дел од нив ќе наиде на разбирање, или пак на негово неодложно повлекување од Комисијата.

“Сите добронамерни совети, стручни совети ќе бидат повеќе од добредојдени и ве повикувам да бидете претставени пред други написи. Како и досега, така и отсега ќе се трудам да одговорам на што повеќе прашања на прашањата што ги поставуваат, особено во групата Ковид-19“, образложи Беќаровски преку Фејсбук статус.

останати вести