Д-Р ЛАЗАРОВ: “Мама и тато во кафана без маска, децата во школо со маска и отворен прозор“

by Тони Зографски

Матичниот лекар Ненад Лазаров на неговиот Фејсбук профил искоментира околу стартот на второто полугодие.

„Мама и тато у диско или кафана без маска, децата у школо со маска и отворен прозор-второ полугодие“.

Инаку, децата денеска се вратија во училишните клупи. Второто полугодие почна со физичко присуство и задолжително носење на маски.

Поради големите бројки на новодијагностицирани и барања за онлине настава, здравствените власти најавуваат скрининг, постојано следење на состојбата и почитување на протоколите во образовните установи. Утре на Комисија за заразни болести ќе одлучуваат кој и кога ќе биде тестиран.

останати вести