На Чад Карсвел, кому му беа ампутирани двете нозе и преживеал неколку операции на срцето, итно му треба нов бубрег. Неговата заедница во Винстон-Салем се собра за да собере пари за операцијата и да ги повика донаторите кои ќе му одговараат. Повеќе од сто луѓе се пријавиле, но Чад сè уште не може да оди на операција поради неговиот став против вакцинација.
„Морав да одбијам повеќе од сто потенцијални донатори бидејќи болницата бара да се вакцинираме и донаторот и јас, а јас нема. Мислам дека вакцината е прашање на избор и мој избор е да не ја примам. Без трансплантација на бубрег, не знам, до кога ќе бидам жив затоа што треба да добијам нов орган за да не умрам“, изјави тој за локалната телевизија.
На Чад му треба дијализа три пати неделно, а лекарите и медицинските сестри бараат од него да се вакцинира.
“Докторот ми рече, те молам направи го тоа, ќе умреш ако не се вакцинираш. Јас учтиво му реков дека немаме за што да разговараме. Не сакам да дебатирам и не сакам да се вакцинирам. ако треба да умрам за тоа, нека умрам слободен“, рече тој.
Карсвел додаде дека моментално бара друга болница која би ја извршила операцијата без потврда за вакцината, но дека е свесен дека шансите му се мали.