Возбудлива љубовна приказна имале принцот Хари и Меган Маркл, поранешната славна актерка.
“Беше тоа љубов на прв поглед“, откри англискиот приц во едно гостување на Тв мрежата БиБиСи.
„Едноставно, ми се сложија коцките и ѕвездите. Во Меган се вљубив неверојатно брзо. Се беше совршено“, раскажа Хари во интервјуто.
„Се запознавме преку заедничка пријателка, а по само неколку состаноци одлучивме заедно да го поминеме одморот во Боцвана“, рече Хари. Двојката во септември во 2017 година, за прв пат заедно се појави во јавноста во Торонто.
„ Како Хари ме побара за жена? Тоа беше во еден необичен момент. Тогаш заедно печевме пилешко месо. Ме побара во кујна“, рече Меган во истото интревју.
Кралската двојка оваа есен објави дека го очлеува своето прво дете, а Меган веќе одамна се откажа од глумата.