Полицијата во Кардиф објави снимка од телефонски разговор на кој се слуша дека пензионираниот Дејвид Магс им признава на полициските оператори дека штотуку ја убил својата поранешна сопруга.
Дејвид Магс повикал полиција откако ја избодел Линда (74), мајка на неговите две деца со кои се развел неколку недели претходно. Подоцна во полиција изјавил дека неговата партнерка се обидеал да му ги земе двете куќи по разводот. Убиството го признал од невнимание и дека во таа прилика имал губење на свеста.
На аудио снимката објавена кога Дејвид повикал полиција се гледа како човекот нервозно вели: „Само што ја убив сопругата“. Операторот го замолил да повтори зошто се јавува, а потоа и признал дека ја избодел. Преку дополнително испрашување тој низ солзи и растреперен глас рекол дека неговата сопруга е во кревет и има многу крв.
На прашањето дали сè уште дише, обвинетиот Дејвид рече дека мислел дека таа починала. Потоа почнал да плаче и ги молел полицајците што побрзо да дојдат да му помогнат, како и да испратат брза помош за секој случај. На крајот тој извика: „Боже, помогни ми“.
На снимката од камерата на еден од полицајците кои дошле на местото на настанот се гледа дека Дејвид подоцна скршен седнал на фотелја и рекол на полицијата дека му е доста од се.
– Се обиде да ми ги украде двете куќи. Минатата година поминав пет месеци во болница, таа ме посети само три пати. За тоа време таа ги средуваше документите и се обидуваше да покаже како куќата и припаѓа – рече тој.
Парот по разводот остана во оваа куќа вредна 200.000 фунти. Судскиот процес за убиството ќе продолжи и во наредните денови.