Познатата актерка Алиша Вит доживеа голема трагедија откако ги пронајде мртви своите мајка и татко, а веднаш потоа му се обрати на светот.
По повод трагедијата таа се огласи на својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија од нив двајца, простувајќи се со емотивни зборови објаснувајќи на јавноста како дошло до несреќата.
Имено нејзините родители починале од хипотермија пред месец дена откако им е исклучено греењето во трошната куќа, а тоа се случило како што вели таа, бидејќи не им понудила помош.
-Моите родители не беа без пари, беа многу тврдоглави и предобри души, па затоа сами ги правеа своите избори од кои не можев да ги разубедам. Им помагав на сите начини на кои што можев, на сите начини на кои што ми дозволиле. Немав поим дека греењето им е исклучено, никако не можам да сфатам како ова не ми го кажаа и зошто? Срцето ми е скршено, вели таа во својот пост.
Додава дека повеќе од 10 години не и било дозволено да влезе во нивниот дом, затоа не знаела во какви услови живеат.
Инаку полицијата се сомнева дека стариот брачен пар починал од хипотермија, бидејќи едниот бил пронајден во капут, нејзината мајка боледувала и од паркинсонова болест.
Парот е пронајден пред Божиќ кога температурите паѓаа до минус 10 степени и без траги на насилство.