Манекенката Џенис Дикинсон (66) која во повеќе наврати истакнуваше дека токму таа е првиот супермодел во светот, неодамна се појави на отворањето на изложба во Лос Анџелес и повторно изненади многумина со својот изглед.
Дикинсон пристигнала во тесни, црни, кожени панталони, црна ролка и шик виолетово палто од вештачко крзно, а комбинацијата ја комплетирала со лакирани чизми.
Дикинсон влезе во светот на славните поради успешната манекенска кариера и често ја нарекуваат првиот супермодел во светот. Со текот на времето, со интензивното користење на ботокс и пластичните операции на телото, таа сакала да го запре стареењето, но во тоа не успеала, па денес изгледа како сосема поинаква личност во споредба со фотографиите од почетокот на кариерата.
Низ годините Дикинсон имала десетици пластични операции, но и покрај тоа, манекенката истакнува дека неизмерно го сака своето тело.
Отсекогаш била многу отворена за пластичните операции, а во многу интервјуа открива дека го затегнала лицето, ги оперирала градите, го стегнала стомакот, правела липосукција и ботокс.
Таа денес е позната главно по своите испади во јавноста и злобните коментари за нејзините колешки.
Таа беше во врска со многу познати личности, меѓу кои Лијам Нисон, Силвестер Сталоне, Брус Вилс, но и со Мик Џегер.
Манекенката има четири брака позади себе и две деца. Пред десет години, во 2012-та година, таа се омажи за психијатарот Роберт Гернер.
Пред шест години ѝ беше дијагностициран рак на дојка, со кој успешно се избори.
Џенис беше најплатената манекенка од 70-тите години, но потоа го уништи лицето поради својата опсесија со пластичната хирургија.