978
Тијана Дапчевиќ со фотографија на нејзиниот Инстаграм профил се пофали дека во Белград на гости ѝ дошле другарчињата од Скопје, односно Тони Михајловски и неговата сопруга Александра Јорева Михајловски. Со нив беше и 10 годишниот Максим, нивниот син.
-Ми дојдоа другарчињата.
Тони ќе снима некоја серија, ние му сметаме – напиша Тијана на Инстаграм покрај фотката на која се гледа како пријателите уживаат на ручек во Белград.
Инаку, Тијана вчера објави дека ќе се натпреварува на Беовизија. Таа ќе ја пее песната „Љуби, љуби довека“ што за неа ја направи Леонтина Вукомановиќ. Тијана преку Инстаграм откри дека се пријавила за фестивалот што ќе се одржи во март, но вели дека нема никакви очекувања и целта ѝ е да ја промовира песната.
