Овој меч, сепак, нема да се памети по триумфот на австралискиот двоец ниту, пак, по фудбалската атмосфера која владее на нивните средби туку по моментот кога Кирјос со топче удри дете во публиката, кое веднаш се расплака. Тенисерот релативно непотребно силно смечуваше по сервис на противникот кој заврши во аут, па топчето неконтролирано заврши кон трибините и директно во главата на еден од најмладите во публиката.
Австралиецот милион пати се извини за својата невнимателност, но не издржа и среде гем се стрча кон младото момче и му подари еден од своите рекети, што, сепак, измами насмевка на неговото лице и покрај болката од ударот.