Продолжението на серијата „Сексот и градот“ предизвика поделени мислења кај публиката. Многумина негодуваат, бидејќи во новите епизоди ја нема Ким Катрал, која го толкува ликот на Саманта.
Иако не се огласуваше откако започна емитувањето, Ким суптилно даде до знаење што мисли за продолжението на серијата што ја прослави.
На Твитер, еден корисник го објавил следново:
„Толку ми е драго што Ким Катрал го прескокна продолжението на ‘Сексот и градот’ и наместо тоа глуми во серијата How I Met Your Father. Ако имате 40 минути за трошење, подобро гледајте го тоа“, а актерката ја лајкнала неговата објава.
Тоа било доволно за фаовите да соберат колку е два и два и да дојдат до заклучок дека и познатата Саманта не е претерано воодушевена од продолжението на серијата што ја прослави.
Уште по премиерата на првата епизода, Ким Катрал лајкувала неколку, а дури и одговорила на еден твит што ја исмевал новата сезона на серијата, тврдејќи дека е „неинспиративна“, „премногу политички коректна“, но и дека недостасува ликот Саманта Џонс, што го толкуваше токму Катрал.