На социјалните мрежи вирална стана несекојдневна сцена од тепачка меѓу медицински сестри, вработени во Брза помош од Богота.
Тие се степале додека екипите на Брзата помош го превезувале пациентот во болница, причината за тепачката официјално не е позната.
Според радиото Кале, покрај патот застанала брза помош за да можат медицинските сестри да си ја „измерат силата“ во дисциплината „влечење за коса“, додека колегите и еден полицаец се обиделе да ги раздвојат.
Ситуацијата конечно се смирила по неколку минути, а не се знае и судбината на пациентот кој бил принуден да чека да се пресметаат медицинските сестри.
Во секој случај, видеото предизвика гнев на социјалните мрежи.
Додека едни коментираа дека не е во ред човек кој можеби е на умирање да го чека крајот на пресметката, други ги критикуваа медицинските лица затоа што им го попречија патот на оние што сакаа да поминат и предизвикаа општа опасност.
https://twitter.com/i/status/1483523531702947847