На 74-години почина францускиот моден креатор Тиери Муглер.
“Со голема тага ја информираме јавноста дека на 23 јануари 2022 година почина господинот Манфред Тиери Муглер – стои на неговиот Фејсбук профил.
Тиери Муглер во 1973 година ја основа модната куќа “Кафе де Париз“ , а година подоцна и “Тиери Муглер“.
Тиери Муглер ќе остане запаметен по неговата екстравагантност и вонсериски креации. Негова муза беше Грејс Џонс, а соработуваше и со Дејвид Боуви и Деми Мур за која го креираше фустанот за филмот “Непристоен предлог“. Тој го лансираше и парфемот “Angel “ кој беше еден од најпродаваните во 20-тиот век.
Беше шоумен, организираше спектакуларни ревии кои го најавија 21. век.
Од светот на модата се повлече во 2.000 година, а пред самиот крај на кариера креираше за Бијонсе, Лејди Гага и Ким Кардашијан.