Ивана Банфиќ, пејачката која ја одбележа денс сцената во 90-тите, со објава ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм.
„Само природно“, напишала пејачката покрај фотографијата на која ја чисти шталата. Ивана и нејзиното семејство пред неколку години се преселиле во Стара Дренчина, место оддалечено 11 километри од Петриња. Таму живее со сопругот Крун и синот Јан во стара куќа што ја наследил нејзиниот сопруг.
„Како семејство сакавме да се промениме и да пробаме поинаков начин на живот од урбаниот начин.Јас и мојот сопруг ја сакаме природата и некако ни дојде спонтано.Се впуштивме во нова авантура,живот на село,едноставен и бајковит како што изгледа “, изјавила таа за Индекс.
„Греење на дрва, замрзнување вода во бунари и многу други нови искуства што до сега не сме ги сретнале. Прекрасно е и мирно. Нова средина, нови луѓе, нови пријателства… Сето тоа е забавно и ново“, додаде таа.
Пандемичните денови ги поминува и во Дренчина, но го доживеаја и големиот земјотрес во Петриња, чиј епицентар беше на само три километри од нивното село.
„Сите сме здрави, живи и во едно парче.Епицентарот беше на 3 км од нас.Ова е најстрашното искуство во мојот живот…Паѓаа ќерамиди,се се сруши,уште не сум била во куќата бидејќи сум во страшен страв. Луѓето во Сисак се сите на улица, возат ранети соседи во автомобили и багажници, затоа што брзата помош не доаѓа да ги земе сите… Држете се. Можеме само да веруваме дека се` ќе биде добро… Тоа е единственото нешто што можеме да го направиме…“, напишала таа тогаш.
„Дојдов од природата и сакам да се хранам здраво и да знам што јадам. Вратете се кон природата, вратете се кон себе“, е мотото до кое се придржува. Во едно интервју, објаснила дека таа и нејзиниот сопруг долго време сонувале да основаат фарма за кокошки. „И тоа е необично, араукана, индиски кокошки кои несат зелени јајца, лушпата е зелена и тие јајца се без холестерол“, рече таа.