Од утре АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе го преземат управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“.
Со тоа ќе се спроведе владината одлука донесена неодамна, со цел да се реши проблемот со парното затоплување во главниот град. Најавите се дека од петок ќе има парно греење до 1 часот по полноќ.
Владата, истакнуваат од СДСМ, „преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не партиципираа Град Скопје и општините“.
Минатата недела владат одлучи БЕГ да го стави под еден вид на „принудна управа“ до крајот на грејната сезона, и преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не се вклучија Градот Скопје и општините.
„Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа е донесена одлука од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, да се преземе управувањето со БЕГ. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците“, кажа министерто за економија Крешник Бектеши.