Една од најпопуларните манекенки на светот, Оливија Кулпо, деновиве ужива во сонцето во Кабо Сан Лукас, а папарацо фотографите успеале да ја „уловат“ во бикини во опуштено издание.
Оливија уживала со своите пријатели и момчето на една од локалните плажи, а атрактивната 29-годишна девојка изгледала феноменално во минијатурното црвено бикини и без грам шминка на своето лице.
Оливија носела горен дел од бикинито кое го подигнало нејзиното мало, но прекрасно деколте, а долниот дел од бикинито открива поголем дел од задникот.
Инаку, Кулпо во 2012 година беше прогласена за Мис Америка, а истата година ја понесе и титулата Мис Универзум. Во 2019 година магазинот „Maxim“ ја прогласи за најсексапилна жена на светот.
Покрај моделингот и манекенството, таа се занимава и со актерство, а има и приватен бизнис – косопственичка е на ресторан.