Тес Холидеј е плус сајз модел која има два и пол милиони следбеници на Инстаграм, а на светот му откри дека боледува од анорексија.
Тес Холидеј (36) решила да им открие на своите следбеници дека веќе една година се бори со анорексија.
Како што вели, деновиве е точно една година кога ѝ е дијагностицирано ова пореметување во исхраната и решила да го сподели своето искуство за односот со храната во интимна исповед за „Today“.
https://www.instagram.com/p/CYc0pbWphqY/
Таа во својата исповед вели дека нејзината мајка трагично страдала кога таа имала 10 години, а оттогаш Тес ја користела храната како механизам кој и помага да се справи со емоциите.
– Секогаш ги кријам грицките и вистинската количина на храна што ја јадам од околината. Во изминатата деценија, имав многу фази кога се лишував од храна. Тоа значи дека практично воопшто не јадев, или јадев многу малку. Исто така, можев да јадам само еден голем оброк на ден. Минатата година ми беше дијагностицирана анорексија, која не ја споделував со луѓето, а за тоа време луѓето кои не го знаеја тоа ме поттикнаа да продолжам да слабеам. Кога нутриционистот ми рече дека ги покажувам сите симптоми на анорексија, јас одговорив: „Зарем не гледаш колку сум дебела?
https://www.instagram.com/p/CYfVArbJSeM/
Сепак, добив потврда за оваа дијагноза од психолог и моментално сум во процес на опоравување.
Откако собрав храброст да ја споделам мојата борба со другите за да ги охрабрам сите оние кои се борат со анорексија, доживеав масовни напади од интернет тролови.
Ме обвинуваат дека лажам и само сакам да привлечам внимание на себе. Ми пишуваат „Ова го правиш само за да пишуваш за тебе“.
https://www.instagram.com/p/CV8bHc6Pahd/
Тоа не е точно, а точно е дека во последно време повторно запаѓам во канџите на анорексијата и дека деновиве се што внесувам се две шолји кафе.
Сè уште не можам сам да сфатам како е можно ова мое дебело тело всушност да гладува?
Сфатив дека телото може да се изгладнува без разлика на формата и големината – вели Тес во својата исповед.
– Тешко е што анорексијата се поврзува само со една форма на телото, а ние останатите сме исклучени. Давам се од себе да закрепнам и се трудам секогаш да имам грицки во моја близина кои лесно и брзо ќе ги внесам во себе.
Редовно одам на терапии и сакам да ги охрабрам сите во иста ситуација да се обратат кај професионалец.
https://www.instagram.com/p/CU02iR6JPo8/
Она што е ретка позитивна работа за пандемијата е тоа што сега е можно да се разговара со терапевти преку интернет. Да ја немав таа можност ќе ми беше многу потешко – вели таа.