“ЖЕНИ ПОМАГАЈТЕ, ПО КОВИДОТ ОСТАНАВ БЕЗ ПОЛОВИНА КОСА“: Кристина Беквалац очајна бара помош (ФОТО)

by Тони Зографски

Стилистката и инфлуенсерка и сестра на Наташа Беквалац, Кристина Беквалац неодамна се заразила со коронавирус, имала лесни симптоми, но по прележувањето се соочила со зголемено опаѓање на косата што е една од утврдените постковид реакции кои се јавуваат кај некои луѓе.

Таа не претпоставувала дека е од ковид, но, кога се консултирала со стручњаци, сфатила дека вирусот предизвикува опаѓање на косата, а во нејзиниот случај ситуацијата е поалармантна бидејќи таа е платинеста плавуша повеќе од една деценија, поради што и инаку многу често се случуваат оштетувања.

Во оваа прилика таа им се обрати на своите следбеници на Инстаграм каде побара совет кој би го забрзал растот и закрепнувањето на косата.

– Жени, помогнете ми сега вие, бидејќи велите дека некогаш јас ви помагам. Дали има апчиња или производи за раст на косата? Останав без половина коса по ковид – загрижено напиша Кристина.

останати вести