Поранешната презентерка на временска прогноза, а потоа и водителка на различни емисии на Островот, Улрика Џонсон е позната по своите остри изјави кои често ја предизвикуваат јавноста.
Улрика секојдневно објавува провокативни фотографии на Инстаграм, а токму поради нив пред неколку месеци беше тема на сите светски медиуми.
Имено, водителката има четири деца, па луѓето мислат дека поради нив не треба да објавува ваква содржина
„Имам повеќе години зад себе отколку пред мене“, вели Улрика.
Бев апсолутно посветена на децата и ќе продолжам да бидам таква, кога и да им треба. Во меѓувреме се свртев кон себе.“
Сепак, овој пат Улрика ги изненади сите кога призна дека оди само на љубовни состаноци со двојно помлади момци.
– Важно е само колку е ментално зрел човекот. Излегував со мажи кои се на моја возраст и ќе ви кажам нешто, тие се многу досадни – рекла таа.
Улрика се развела од третиот сопруг во 2019 година, а како што вели е прилично монотона и сака да ужива во животот.
– Ми треба маж кој е полн со енергија, а такви се само оние кои имаат, на пример, 26 години. Не ми треба некој да биде татко на моите деца. Време е да уживам и да бидам среќна – изјави водителката и додаде:
– Уморна сум да зборувам кој ќе ги мие валканите садови. Сакам патување, сакам врска која ќе трае се додека таа е предодредена.