Американката оваа информација ја сподели на социјалните мрежи, по што доби илјадници поради со поддршка и охрабрување во пресрет на најважниот сет во кариерата.
„Би сакала да ја споделам приказната за да им помогнам и на останатите. Туморот ми е откриен во рана фаза и ми претстои хемотерапија од поја очекувам позитивни резултати. Ви благодарам на сите што ме сакате и почитувате, бидејќи сега ми треба енергија да се фокусирам на сопственото лечење. Моите јавувања за ЕСПН за време на Австралија опен, кои со години се традиционални, годинава ќе ги правам од својот дом“, напиша тениската легенда.
Еверт потоа за ESPN открила повеќе детали за борбата што ја води.
Ракот ѝ бил откриен по превентивната хистеректомија на почетокот на декември, а на почетокот на оваа недела таа го започнала првиот од шесте циклуси на хемотерапија. Нејзината помлада сестра Џејн Еверт Дабин, исто така поранешна тенисерка, починала на 62-годишна возраст во февруари 2020-та година од рак на јајниците.
„Кога одам на хемотерапија, таа е мојата инспирација. Таа ќе ми помогне да го надминам ова искушение“, рекла Крис Еверт.
Еверт дури 18 пати триумфираше на некој од четирите најголеми турнири во тенисот, од кои дури седум пати на „Ролан Гарос“.