Египетската полиција започна истрага откако еден дански пар имал секс на врвот Кеопсовата пирамида во Гиза.
На видео-снимката се гледа како маж и жена се качуваат на врвот на пирамидата, и на крајот замрзната е фотографијата на која тие позираат голи додека имаат секс.
Триминутната снимка објавена на Јутјуб предизвика огорченост кај Египќаните.
“ Скандал на врвот на пирамидата… Како ли само успееја да се искачат? Сигурно го подмитиле чуварот“ беше напишано на Твитер.
Инаку, Не се знае дали парот сеуште е во Египет.