Италијанскиот принц Џакомо Бонано ди Линвалоса (51) се сретнал со Тања Јашенко (35) од Белорусија за време на состанок во 2019 година и целосно ја загубил главата по неа.
Овој аристократ од Италија вели дека набргу по запознавањето влегле во љубовна врска, како и дека ја водел Тања на патувања низ светот, на дестинации како Монте Карло, Дубаи или Малдиви.
Не застанал тука – ѝ дал мерцедес од 83.000 евра, ја опсипал со накит и ѝ дал 18.000 евра да изнајми стан во центарот на Рим.
Меѓутоа, во март 2021 година, Тања поднела тужба против принцот за следење.
Долго време, според Тајмс, таа била несреќна во таа врска и сакала да излезе од неа.
Според медиумите, Тања ангажирала и психијатар за да ги докаже на суд последиците по нејзината психа по врската, но психијатарот неочекувано зазел спротивен став и сега вели дека „Тања ја искористила менталната ранливост на принцот“.
Медиумите пишуваат и дека на виделина излегла една од бројните преписки на овој пар.
Она што е забележливо е преку пораките што Тања му ги испратила на принцот во кои му вели дека е „лажго, предавник, без емпатија, просечност“.
Во декември и самиот принц Џакомо решил да возврати, па сега вели дека со збунет ум влегол во врска со Тања бидејќи бил „трауматизиран од разводот“, па не можел да донесе правилни одлуки.
Така, вели, станал жртва на Тања, а сега бара поранешната девојка да врати се што ѝ дал бидејќи сфатил дека го „молзела“.
Адвокатот на Џакомо Армандо Фергола за Телеграф изјавил дека Тања го користела неговиот клиент и дека Џакомо е „олеснет“ за износ измеѓу половина милион и милион евра по врската со Белорусинката.
Но, и покрај обвинувањата на суд, тие двајцата ги поминале новогодишните празници заедно, а Џакомо деновиве дури напиша на Фејсбук:
„Сакам јавно да ја замолам девојка ми Тања да ми прости за моите лажни обвинувања против неа“.