Познатата НБА водителката Кристина Пинк доживеала тежок пад на теренот по натпреварот помеѓу ЛА Клиперс и Атланта Хокс.
По натпреварот, Пинк земала изјава од најдобриот поединец на натпреварот, Амир Кофи, кога во еден момент таа се лизнала со високи потпетици.
Штом рекла дека е потребно теренот да се исуши откако играчите го испрскале со вода, таа се лизнала и силно паднала на подот, а тоа го снимиле и ТВ камерите. Кошаркарите кои биле на теренот се загрижиле и ѝ помогнале додека лежела на грб, а потоа ѝ помогнале и да стане.
Снимката од падот брзо стана хит на социјалните мрежи, иако воопшто не изгледа безопасно.
Clippers reporter Kristina Pink slips and falls during the postgame interview pic.twitter.com/2rL5PElHPA
— hoops bot (@hoops_bot) January 9, 2022
За среќа, атрактивната репортерка на Фокс подоцна се огласи на социјалните мрежи за да ги увери фановите дека е добро.
„За сите што прашуваат, добро сум. Имаше вода на земја… Ги ценам сите пораки“, напиша водителката на Твитер.