Пожар вечерва избувна во Градски парк кај Градски стадион. Горат баракитe во близина на стадионот, кои се наоѓаат близу детското игралиште кај ресторанот Томче Софка, објави Сител.
Ова е вторпат за неколку месеци да горат овие бараки. Старите судски бараки се запалија на 26 октомври и тогаш во пожарот штета беше направена и на салата Партизан и на ресторанот „Томче Софка“.