Доктор Нико Беќаровски смета дека нема потреба од онлајн настава во второто полугодие од учебната година.
-Ако во Грција со преку 20.000 нови случаи и во Хрватска со 9.000 нови случаи секој ден, ДЕНЕС ЗАПОЧНА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО, нема ниту една причина некое си “САМОПРОГЛАСЕНО ЗДРУЖЕНИЕ” да бара on line настава во Македонија.
За децата омикрон е обична вироза, какви што има секоја зима !!!
Местото на децата е во училишните клупи, а на неработниците вон образованието.
Единствено може почетокот да се одложи до понеделник 24 јануари – напиша д-р Беќаровски на својот Фејсбук профил.