Леонардо ди Каприо и Камила Мороне беа забележани како уживаат на сонце и бранови додека беа во Сент Бартс на Карибите. Двојката си разменувала нежности, а подоцна се возела и со водениот скутер. Во прв план бил “пивскиот“ стомак на Ди Каприо и беше очигледно дека актерот се здебелил.
Инаку, Ди Каприо (47) и Мороне (24) се во врска од 2017 година и ретко кога беа видени заедно во јавност.
Во февруари 2020 година, Ди Каприо и Мороне го направија своето деби како двојка кога седеа заедно во првиот ред на Оскарите, каде што тој доби номинација за неговата главна улога во „Беше еднаш… во Холивуд“.
Во јуни истата година, двојката го прослави 23-от роденден на актерката, на јахта заедно со пријателите.
Мороне, која се прослави со манекенството пред да почне да глуми, рече дека разбира зошто луѓето се заинтересирани за нејзината врска со Ди Каприо, велејќи: „Веројатно и јас би била љубопитна за тоа“.