Почина 17-годишниот син на ирската пејачка Шинејд О’Конор. Кантавторката на својот твитер-профил ја потврди трагичната вест.
„Мојот прекрасен син, Невиим Неста Али Шејн О’Конор, светлината на мојот живот, реши да ја прекине својата земна борба денес и сега е со Бога. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Моето дете. Те сакам многу“.
Тинејџерот беше исчезнат од четвртокот, а полицијата упати апел да помогне да се најде. Шејн последен пат бил виден вчера, во Талахт, Јужен Даблин.
„По извлекувањето на телото во областа Бреј во Виклоу во петокот, 7 јануари 2022 година, потрагата по исчезнато лице во однос на Шејн О’Конор, 17 години, беше повлечена“, рече портпаролот.