Директорот на албанскиот фонд за развој, Дритан Аголи, заработува околу 7.000 долари месечно.
Тоа е речиси три пати повеќе од премиерот Еди Рама, кој е платен околу 2.200 долари и претседателот на Албанија, Илир Мета, чија плата е 2.500 долари, пренесува Gazeta ekspres.
Според последните податоци, најплатениот возач на албанскиот фонд за развој заработува околу 1.900 долари месечно, исто колку што е и платата на вицепремиерот.
Петмината возачи на овој фонд, како што било наведено, имаат бруто плати од 1.500 до 1.900 долари месечно, колку што се платени пратениците во Собранието.
Наставниците и полицајците во Албанија заработуваат двојно помалку од возачите во албанскиот фонд за развој.
Интересно е што чистачката во овој фонд има плата од 1.200 долари бруто месечно, пишува Kosovo onlajn.
Тие наведуваат дека фондот е буџетска институција во која се вработени роднини на функционерот.