На социјалните мрежи се појави видео од спалната соба на тазе брачен пар од Србија и никого не остави рамнодушен.
На видеото кое е објавено на Редит се гледа како семејството проверува дали невестата е навистина невина пред да се омажи, проверувајќи дали има крвави дамки на постелнината.
И ако е малку веројатно дека вакво нешто се случува денес, во 21 век, изгледа дека се случува.
Да, токму тоа го гледате на ова видео.
Додека невестата седи на страна, целата „делегација“ влегува во собата и се проверува. Попатно ги поздравуваа и им честитаа на младенците со извици – „Браво Перо!“.
Жените почнуваат да зјапаат во постелнината на која се гледа трага од крв. Сепак, тоа не е најлошото, бидејќи најодвратното нешто допрва следи.
За да се увери дека не се работи за измама, дека невестата и младоженецот веќе не конзумирале брак, мајката на невестата и носи постелнина на лицето за да ја „проба“ и се уверува дека е крв.
Веднаш потоа гордо ја подигна постелнината и рече: „Еве го доказот, ќерка ми има 20 години!“.
Откако се уверија дека „тестот е положен“, се фрлаат пари и бонбони на постелнината и наздравуваат младенците!
Потоа сите присутни влегуваат во просторијата за да се уверат во невиноста на младите, сите се гушкаат и бакнуваат и се игра.
Судејќи по коментарите, не е доволно да се каже дека луѓето се згрозени од ова видео, но она што е сигурно е дека никого не остави рамнодушен.
„Дали … се уште се прави ова?“, е еден од коментарите на корисниците на оваа мрежа.