Основачот на „Амазон“, Џеф Безос (57) сподели неколку снимки од новогодишната прослава во Ст. Барт во саботата, која ја пречека со својата девојка Лорен (52) и нејзиниот поранешен вереник Тони Гонзалес (45) со кој го има синот Нико (20) и сопругата на Гонзалес. Безос изнајмил луксузна јахта на која можат да се сместат до седум лица. Цената за изнајмување на оваа јахта е од 38.000 до 42.000 долари, плус трошоци, дневно.
Безос рече дека уживал во „луда диско забава“ со своето семејство и им сподели на своите следбеници дека Новата година е време за „личен раст“.
– Синоќа се забавувавме славејќи со луда диско забава со семејството, но Новата година е и одлично време за прегледување и фокусирање на личниот раст, обновувањето, повторното раѓање и посветувањето големо внимание на секој момент од својот живот. Добро и лошо. Сето тоа. Славете и растете – напиша Безос.
А неговата девојка напиша сладок коментар во објавата: „Те сакам душо. За секоја причина и без причина“.
Иако раскинаа пред неколку години, Санчез и Гонзалес се чини дека се во добри односи бидејќи веќе неколку пати се видени заедно со Безос.
Безос за време на новогодишната прослава облече тесна облека во диско-стил за да ја покаже својата нова фигура, додека атрактивната Санчез носеше прстен на венчалниот прст.
Да потсетиме, романсата на Безос и Лорен стави крај на 25-годишниот брак на Безос со Мекензи Скот, со која има четири деца. Исто така, нејзиниот поранешен вереник Гонзалес ја надмина неуспешната врска и се ожени со ТВ водителката Октавија Гонзалес.
Инаку, основачот на „Амазон“ е вториот најбогат човек во светот, веднаш по сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, а неговото богатство се проценува на неверојатни 210 милијарди долари. Безос првпат стана милијардер во 1998 година, една година по отворањето на „Амазон“ како онлајн книжарница, а оттогаш го зголемил своето богатство за 12.425 отсто. Тој буквално заработува 140.000 долари секоја минута, пишува Дејли Мејл.